СТУДЕНТСКИ ПРОЕКТИ

Проект за симулација од областа на енергетска ефикасност за зградата на ФЕИТ ...

Проектната задача се однесува на анализа на енергетската ефикасност на зградата на ФЕИТ според неколку релевантни критериуми: интеграција на обновливи извори за енергија, енергетски ефикасна фасада, намалување на врвна ангажирана моќност, енергетски ефикасно осветлување и друго.

Mодел базиран на машинско учење за предвидување на концентрацијата на ПМ честички во Скопје

Во дипломскиот труд целта е да се покаже колкаво е влијанието на зелената површина врз загадувањето на воздухот и да се направи корелација помеѓу загадувањето на воздухот и метеоролошките фактори.

Еднонасочна микромрежа - концепт и симулација за напојување на викендичка

Во оваа дипломска работа е разработен иновативниот концепт на интелигентни мрежи. Станува збор за посебен вид на интелигентна електроенергетска мрежа – микромрежа, која се проектира да работи приклучена на дистрибутивниот систем,

Имплементација на систем за идентификација на возила

Во дипломскиот труд се обработува алгоритам за препознавање на регистарски таблички со користење на техники за процесирање на слика.

Електронска Шаховска табла

Препознавање на позицијата на фигурите на таблата со помош на RFID читачи и RFID тагови, праќање до PC и нејзина обработка за добивање на одигран потег.

Библиотека


Апликацијата претставува систем за библиотека. Притоа, библиотеката може да ја користат три различни типови на корисници: администратор, библиотекар и член.

Компензација на реактивна моќност со микроконтролери

Станува збор за дипломска работа во која се користат стекнатите знаења од различни области за да се развие уред кој се користи за компензација на реактивна моќност во електроенергетските системи.

Проектирање на електрични инсталации во објекти за домување со паметни решенија

Во оваа дипломска работа се проектира нисконапонска инсталација во објект за домување, како и проектирање, начин на изведба и симулација на осветлување кое е прилагодено на потребите на луѓето во домот.

Определување на заштитна зона на систем за заштита од атмосферски празнења

Во оваа дипломска работа се разработува постапка за определување на заштитната зона на систем за заштита од атмосферски празнења кој се состои од еден стапест громобра

Робот агент изминува лавиринт со препреки

Студентите на смерот КСИАР роботот AlphaBot го испрограмираа така да тој се снајде во лавиринт.

Електронски архитект

Апликацијата претставува електронски архитект кој со алгоритам за оптимизација, желбите на клиентот и просторот со кој се располага нуди оптимизирана организација на просторо

IoT практични решенија

Испраќање на телефонски повик до корисник на системот при активирани сензори за движење во домот, работа со евиденција на присутни луѓе во домот.

Говорко - Aугментирана и асистивна комуникација

Говорко е алатка за аугментирана и асистивна комуникација за деца со попречености развиена од студентите на насоката Компјутерско хардверско инженерство и електроника на ФЕИТ.

Систем за препознавање депресија врз база на говор и мозочна активност

Автоматска детекција на депресија е современ истражувачки проблем кој е ориентиран кон објективност на процедурата на дијагности-цирање на депресијата.

Безбедно далечинско управување со уреди во паметен дом

Дизајн и имплементација на систем за безбедно далечинско набљудување и управување на електронски уреди во едно домаќинство. Направен е пример концепт со користење на систем за разладување (клима) и поштенско сандаче.

Вгнезден систем за навигација на слепи лица и лица со оштетен вид базиран на сонар

За да можат да се движат побезбедно и да ги извршуваат секојдневните задачи, слепите лица користат уреди и алатки кои им помагаат.

Напојување на рибник со систем од фотоволтаици и батерии

Во дипломскиот труд е анализиран проблем со непрекинато напојување на рибник, со помош на систем од фотоволтаици и батерии за складирање на електричната енергија.

Сушара за овошје

Сушарата е изработена во рамките на предметот Компјутерско Водење Процеси и може автоматски да ја управува температурата со помош на ПИД алгоритам. Мерењето се врши со сензор за температура, а управувањето се врши со грејач и вентилатор.

Банкарски систем

Станува збор за Банкарски систем, кој на клиентите од банката им нуди повеќе функционалности како: увид во своите лични податоци и сметки, преглед на детали за секоја своја сметка, извод на сметка и ажурирање на профилот за најава.

Управување трифазен асинхрон мотор со инвертор

Оваа дипломска работа вклучува поврзување на енергетската и управувачката шема, набавка на опрема и материјали коишто се потребни за остварување на шемата. напишана и програма за управувањето на истиот.

Изработка на регулатор со перманентни магнети

Овој дипломски труд е изработен со практична реализација. Моторот се употребува за задвижување работен механизам кој обработува дрва. Во рамките на дипломскиот труд се направени поврзувања на енергетската и на управувачката шема.

Урбан херој

Урбан херој“, апликација за пријавување на нерегуларности во урбаното живеење: неправилно паркирани автомобили, глитници на кучиња, оган на отворено, угинати животни, преполни контејнери и сл.

Крак од дрон

Квадкоптерот претставува летало со четири пропелери чија аголна брзина се управува во зависност од посакуваната положба, висина или ротација на леталото

Автономно возило

Во овој пример студентите имаат склопено возило кое може автономно да се движи по произволна патека. Управувачката единица во возилото е вградливиот компјутер од NVidia – Jetson Nano

© 2021 Факултет за електротехника и информациски технологии, УКИМ, Скопје