Краток опис на проектот:
Станува збор за дипломска работа во која се користат стекнатите знаења од различни области за да се развие уред кој се користи за компензација на реактивна моќност во електроенергетските системи. Кога низ елементите на системот покрај активната моќност се пренесува и реактивната моќност, струјата има поголема ефективна вредност. Тоа предизвикува дополнителни загуби на активната моќност во елементите на системот и дополнителни загуби на напон. Овие загуби можат да се намалат ако за производство на потребната реактивна моќност се употреби извор на реактивна моќност кој е поставен на добро одбрана локација во мрежата со што практично се врши компензација на реактивната моќност. Во рамките на оваа дипломска работа, преку неколку електронски елементи проектиран е уред за компензација кој потоа е тестиран на електричен мотор.

 

Студент: Јовица Перевски
Ментор: Јовица Вулетиќ