Краток опис на проектот:
Оваа апликација претставува серверска веб апликација, развиена со ASP.NET Core. Станува збор за Банкарски систем, кој на клиентите од банката им нуди повеќе функционалности како: увид во своите лични податоци и сметки, преглед на детали за секоја своја сметка, извод на сметка и ажурирање на профилот за најава. На вработените од банката им нуди: да ги видат своите лични податоци, преглед на сите клиенти, преглед на сите продукти кои банката ги нуди, увид во податоците на клиентите и нивна измена, креирање на трансакциска сметка за даден клиент, да (де)активира некоја сметка, издаде извод за дадена сметка, да вршат трансакции и да може да го ажурираат својот профил за најава. Администраторот на системот (е еден) и тој може да: регистрира кориснички профили, прави ажурирање на профилите, управува со улоги (админ/вработен/клиент), има увид во сите можни податоци од системот, може да додава/модификува/брише записи за вработени, продукти, сметки и клиенти.

Студент: Анастасија Андонова
Ментор: Даниел Денковски