Краток опис на проектот:
Во овој пример имаме сушара за сушење овошје. Сушарата е изработена во рамките на предметот Компјутерско Водење Процеси и може автоматски да ја управува температурата со помош на ПИД алгоритам. Мерењето се врши со сензор за температура, а управувањето се врши со грејач и вентилатор. Сушарата има можност за задавање на температурната крива по која ќе се сушат овошките, сѐ со цел да се овозможи сушење според оптимален технолошки процес за сушење овошје. Изработката на сушарата се состеше од неколку фази, почнувајќи од истражување на технолошките процеси, па конструкција на сушарата, потоа имплеменитирање и нагодување на алгоритамот за управување, и конечно, сушење овошје..
Студенти: Александар Соколчевски
Ментор: проф. д-р Миле Станковски