Краток опис на проектот:
“Урбан херој“, апликација за пријавување на нерегуларности во урбаното живеење: неправилно паркирани автомобили, глитници на кучиња, оган на отворено, угинати животни, преполни контејнери и сл. Апликацијата би била со три дела – еден за херој, еден за служби и еден за контрола (за двата треба логирање). Во делот за херој да има можност да се слика нерегуларноста (во нашиот случај само да се прикачи слика), да се внесе адреса (а апликацијата автоматски да влече локација и датум) со избор на општината и да се даде опис на проблемот и тип на проблемот. Потоа да се добива порака дека е испратено на соодветна локација (соодветно во
апликацијата во зависност од општината и адресата да биде испраќано во соодветна служба – на пример за непрописно паркирано возило да оди пораката во пајак служба на град Скопје). Потоа би можела да се следи пријавата до каде е т.е. да се добие рок во кој би била завршена работата од страна на соодветната служба и можност, по тој рок да се даде оценка за завршената работа и да се даде коментар за соодветната служба (блог со коментари за работата). Во делот за службата, да може да се одбира тип на служба и соодветно да се гледаат различните пријави. Истите да бидат оценувани според веродостојноста (за да се анулираат лажни пријавувања) на корисникот (за секој корисник да се даваат оценки и да се има просечна вредност за однесувањето на корисникот). Да се дава рок во кој може да се постапи и по постапувањето да може да се прикачи слика, по комплетирањето на оценката од херојот, да може истата да се види заедно со коментарите. Во третиот поглед, контролата да може да ги види просечните оценки за различните служби дадени од корисниците и да има можност да ги чита коментарите за секоја служба поединечно.”
Студент: Стефан Ќоропановски
Ментори: Даниел Денковски, Славче Пејовски