Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ)

 

 

Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС-кредити

Обра­зо­вен степен (дип­ло­ма)
Дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија

Про­фил
Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија

Иден­ти­фи­ка­ци­ја на по­тре­би­те и мож­но­сти­те за вра­бо­ту­ва­ње
Дипломираните инженери од овој профил се оспо­со­бе­ни за работа во сите индустриски гранки, електро­сто­пан­ството (централи и дистрибуција), средни и мали прет­пријатија, проектантски фирми и претставништва, како и во истражувачки и развојни институти и обра­зов­ни институции.

Обра­зов­ни ком­пе­тен­ции на профилот
Студиската програма обезбедува образование на висо­костручен инженерски кадар компетентен и оспособен за истражување, проектирање, развој и работа во пос­трој­ките за електромеханичко и електротермиско прет­во­рање на електричната енергија во процесот на про­из­вод­ство, пренос, дистрибуција и искористување. Сту­дис­ката програма ги негува и развива научните и стру­чни области од доменот на автоматизација на енер­гет­ските процеси, регулацијата на современите елек­тро­мо­торни погони, енергетската ефикасност и безбеднo, до­вер­ливo и рационално искористување на енергијата во индустријата, јавната потрошувачка, деловните об­јек­ти и домаќинствата како и експлоатацијата на обно­в­л­ивите извори на енергија и примената на паметните мре­жи и системи. Студентите кои ќе ги завршат сту­ди­ите на оваа студиска програма ќе стекнат вештини и ком­­петенции за компјутерско проектирање, мо­де­ли­рање и анализа на електроенергетските уреди со помош на современи софтверски алатки. Практичните знаења и вештини студентите на Факултетот ќе ги стек­нат преку практичната работа во лабораториите опре­ме­­ни со најсовремена компјутеризирана мерна оп­ре­ма.

Меѓународна акредитација
Студиските програми на ФЕИТ се меѓународно акредитирани од германскиот институт ASIIN, кој е светски лидер за потврда на квалитетот во високото образование. Со оваа акредитација се потврдува дека студиските програми се воспоставени според меѓунароните стандарди за квалитет и содржините кои се изучуваат се релевантни за областите кои се покриени во студиските програми.

 

Повеќе информации за студиската програма може да најдете овде