Краток опис на проектот:
Слепите лица и лицата со оштетен вид се соочуваат со многу пречки во движењето и извршувањето на секојдневните задачи. За да можат да се движат побезбедно и да ги извршуваат секојдневните задачи, слепите лица користат уреди и алатки кои им помагаат.
Дипломскиот труд на Стефана Христовска претставува истражување на едноставен систем за навигација на слепи лица и лица со оштетен вид кој ќе им служи на овие лица за помош при движење. Уредот е заснован на три ултразвучни сензори за детекција на пречки. Кога ќе се детектира некоја пречка, корисникот се алармира преку вибрација. Уредот има батериско напојување и потенциометар за подесување на јачината на вибрациите, а тежи 220 g (https://feit.ukim.edu.mk/kompjutersko…)
Целта на овој систем е да им се помогне на слепите пешаци преку детекција и алармирање за пречките кои се појавуваат над половината па сѐ до главата. Овие пречки не можат да бидат детектирани само со користење на белиот стап, што е најчесто користениот уред за помош при движење.
Студенти: Стефана Христовска
Ментор: Бранислав Геразов