Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ)
Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС-кредити
Образовен степен (диплома)
Дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии од областа телекомуникации и информациско инженерство
Профил
Телекомуникации и информациско инженерство
Идентификација на потребите и можностите за вработување
Дипломираните инженери од студиската програма Телекомуникации и информациско инженерство се подготвени за современи и динамични работни позиции во ИКТ-секторот, како во земјата така и во странство. Нивните знаења и вештини од телекомуникациски технологии, мрежни системи, телеком и Интернет сервиси, софтверски алатки и комуникациско-информациски платформи овозможуваат успешно вклучување во:
- телекомуникациски, мобилни и Интернет оператори
- компании за дизајн, развој и одржување на телекомуникациска и мрежна инфраструктура
- софтверски и ИТ компании кои развиваат дигитални сервиси и услуги во облак
- индустрија за производство и интеграција на телекомуникациска опрема
- компании поврзани со сајбер-безбедност, обработка на податоци и IoT решенија
- секоја мала, средна и голема компанија или институција со сопствена мрежа и која користи или обезбедува дигитални услуги за граѓаните и бизнисите
- истражувачки центри, технолошки паркови и академски институции ширум светот
Побарувачката за инженери од оваа област е континуирано висока, следејќи ги глобалните трендови во развојот и примената на тековните 5G и идните 6G мобилни мрежи, оптички мрежи, Интернет и веб технологии, облак (cloud) платформи, сајбер-безбедноста, софтверски дефинирани мрежи, автоматизација, развој и примена на вештачка интелигенција во телеком/ИКТ, како и за дигиталната трансформација на сите бизниси, институции и индустрии.
Образовни компетенции на профилот
Студиската програма ги опремува студентите со современи знаења и практични вештини низ целиот спектар на комуникациски и информациски технологии. Обезбедува знаења во телекомуникациските системи, мрежните технологии, програмирањето, cloud решенијата и сајбер безбедноста, како и компетенции за анализа, дизајн, имплементација и оптимизација на сложени комуникациски и ИКТ / ИТ системи, мрежи и сервиси.
Поконкретно, студентите стекнуваат компетенции и способности за:
- Анализа, дизајн и имплементација на телекомуникациски системи и протоколи, вклучувајќи дигитални комуникации, безжични системи, мобилни мрежи и оптички комуникации.
- Разбирање и примена на модерни мрежни и системски архитектури, како што се Интернет технологиите, 5G и идните 6G мобилни мрежи, сателитски комуникации, IoT (Internet of Things) системи, софтверски дефинирано вмрежување, виртуелизација и платформи базирани на контејнери.
- Дизајн, конфигурација и администрација на жични, безжични и мобилни мрежи, за Интернет сервис, телефонија, телевизија, IoT сервиси, како и сервиси за проширена реалност (XR – eXtended Reality).
- Програмирање и развој на софтверски апликации и оперативни системи за телекомуникации, веб услуги, мобилни апликации и веб средини од страна на серверот.
- Дизајн и моделирање на бази на податоци и информациски системи, примена на Интернет технологии и развој на мрежно ориентирани услуги.
- Употреба на системи за cloud и edge computing, како и дистрибуирани платформи за обработка, складирање и аналитика на податоци.
- Анализа, симулација и оптимизација на комуникациски системи со користење на специјализирани алатки за симулација и софтверски методи.
- Примена на принципите на сајбер безбедност, заштита на мрежи и податоци, безбедни комуникации, мрежна форензика и управување со ризици.
- Развој и имплементација на системи „Интернет на нештата“ (IoT системи), лични ad-hoc мрежи и паметни уреди.
- Примена на машинско учење и вештачка интелигенција во телекомуникациите за оптимизација, предвидување и поддршка, како и дизајн на интелигентни телекомуникациски и информациски системи.
- Разбирање на регулативите, стандардите и индустриските трендови во телеком / ИКТ / дигиталниот сектор и нивна примена во развој, планирање и интеграција на системи, мрежи и сервиси.
Меѓународна акредитација
Студиските програми на ФЕИТ се меѓународно акредитирани од германскиот институт ASIIN, кој е светски лидер за потврда на квалитетот во високото образование. Со оваа акредитација се потврдува дека студиските програми се воспоставени според меѓународните стандарди за квалитет и содржините кои се изучуваат се релевантни за областите кои се покриени во студиските програми
Повеќе информации за студиската програма може да најдете овде