Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ)

 

 

Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС-кредити

Обра­зо­вен степен (дип­ло­ма)
Дип­ло­ми­ран инженер по електротехника и информациски технологии од областа телекомуникации и инфорамациско инженерство

Про­фил
Телекомуникации и инфорамациско инженерство

Иден­ти­фи­ка­ци­ја на по­тре­би­те и мож­но­сти­те за вра­бо­ту­ва­ње
Дипломираните инженери можат да се вработуваат во земјата и странство во компании и институции кои развиваат и имплементираат ИКТ: телекомуникациски и мобилни оператори, софтверски компании, компании кои произведуваат телекомуникациска опрема, истражувачки лаборатории и врвни академски институции.

Цели на студиската програма
Целта на студиската програма е да профилира современ електроинженер во областа на телекомуникациско и информациско инженерство, кој ќе поседува најсовремени знаења и вештини за успешна професионална кариера во ИКТ секторот на Република Македонија, преку која ќе придонесе и за стопанскиот развој на државата. Студиската програма треба да произведе врвни професионалци кои ќе може брзо да се вклучат во работниот процес, ќе имаат иновативен менталитет, самодоверба и способност да преземаат лидерска улога во технологијата, бизнисот и во општеството. Исто така, студиската програма на студентот треба да му овозможи да се стекне со:
• Знаење и разбирање на научното поле електротехника
• Знаење и разбирање на научното поле телекомуникациско инженерство
• Вештини за планирање, дизајнирање, конструирање и управување со системи кои праќаат, обработуваат и зачувуваат информација
• Теоретски и практични знаења од комуникациски технологии
• Теоретски и практични знаења од информациски технологии
• Способност за доживотно учење и осознавање нови технологии
• Способност за спроведување научни истражувања
• Одлична основа за продолжување на образованието на магистерски студии
• Способност за индивидуален ангажман и самостојна работа, како и за тимска работа и соработка со колеги со различни профили
• Способност за проценка, презентирање и разбирање на идеи и концепти од релевантни податоци од областа на телекомуникациско и информациско инженерство
• Комуникациски вештини и самодоверба

Меѓународна акредитација
Студиските програми на ФЕИТ се меѓународно акредитирани од германскиот институт ASIIN, кој е светски лидер за потврда на квалитетот во високото образование. Со оваа акредитација се потврдува дека студиските програми се воспоставени според меѓунароните стандарди за квалитет и содржините кои се изучуваат се релевантни за областите кои се покриени во студиските програми.

 

Повеќе информации за студиската програма може да најдете овде