Краток опис на проектот:
Нискиот квалитет на воздухот, особено високата концентрација на PM честички имаат значителен негативен ефект врз здравјето на луѓето и животната средина. Еден од методите за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини е зголемувањето на зелената инфраструктура, бидејќи растенијата ги апсорбираат цврстите честички преку нивните лисја и стебла. Раното предвидување на загадувањето на воздухот е исто така важно во урбаните средини со зголемена концентрација на PM честички, особено во зимските месеци.
Во дипломскиот  труд изработен од Виктор Андоновиќ целта е да се покаже колкаво е влијанието на зелената површина врз загадувањето на воздухот и да се направи корелација помеѓу загадувањето на воздухот и метеоролошките фактори, како и да се развие модел базиран на машинско учење за предвидување на PM10 и PM2.5 честички во воздухот во Скопје. За оваа цел се користат статистички методи како и методи за машинско учење кои се засноваат на обработка на собраните податоци од три локации во Скопје.

 

 

Студент: Виктор Андоновиќ
Ментор: Маре Србиновска