Краток опис на проектот:
Студентите на смерот КСИАР роботот AlphaBot го испрограмираа така да тој се снајде во лавиринт. Нивната задача беше на база на хардверот кој го добиваат, да напишат програма која ќе го направи роботот свесен за својата околина. Роботот е опремен со напојување (батерија), микроуправувач (мозокот на роботот), мотори за придвижување на тркалата (актуатори), ултразвучен сензор за детекција на препреки (сетило 1) и светлинско чуствителни сензори за следење на линија (сетило 2). Студентите својот код го дизајнираа така да во реално време роботот преку сензорите прибира информација и на тој начин ја осознава околината во која се наоѓа. На крај студентите ја внесоа нивната програма во роботот и го тестираа роботот во лавиринт. Лавиринтот се состоеше од три делници и тоа: избегнување препреки, следење на црна линија и паркирање. Од приложеното на видеото може да се заклучи дека роботот успешно и ефикасно ги измина делниците од лавиринтот.
Студенти:
Ментор: Душко Ставров