Краток опис на проектот:
Проектната задача се однесува на анализа на енергетската ефикасност на зградата на ФЕИТ според неколку релевантни критериуми: интеграција на обновливи извори за енергија, енергетски ефикасна фасада, намалување на врвна ангажирана моќност, енергетски ефикасно осветлување и друго. Овие критериуми се имплементирани во симулација која користи реални податоци и работи во реално време. Податоците се добиени од системот за менаџирање на енергија на ФЕИТ, кој непрекинато собира информации веќе две години. Во зависност од соодветниот критериум симулацијата предвидува намалување на расходите по основ на електрична енергија, и претставува добра основа за понатамошни истражувања кои дипломците и магистрантите на ФЕИТ може да ги искористат.
Проектот е изработен од студентите Ангела Попова, Ангела Најдовска, Илија Ивановски, Ведран Симовски и Виктор Рудан, под менторство на доц. д-р Живко Коколански. Овие петмина студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии освоија прво место на натпреварот ICAMES 2018 (International Cultural and Academic Meeting of Engineering Students), организиран од Универзитетот Богазичи во Истанбул.
Студенти: Ангела Попова, Ангела Најдовска, Илија Ивановски, Ведран Симовски и Виктор Рудан
Ментор: Живко Коколански