Краток опис на проектот:
Во дипломскиот труд е анализиран проблем со непрекинато напојување на рибник, со помош на систем од фотоволтаици и батерии за складирање на електричната енергија. Имено, рибниците не смеат да бидат без напојување подолго од 15 минити, бидејќи тоа е фатално за рибите, што доведува до големи финансиски загуби. Во дипломскиот труд предложено е решение за надминување на тој проблем со резервно напојување на рибникот од фотоволтаичниот систем во услови кога е тоа возможно, а во моменти кога постои прекин на напојувањето од мрежата и недостапност на фотоволтаичниот систем, рибникот да се напојува од батериите. Во дипломскиот труд предлог решението е детално објаснето и анализирани се сите ризици и можни сценарија. Направена е и економска анализа за утврдување на исплатливоста на проектот.
Студент: Глигор Станоев
Ментор: Димитар Димитров