Краток опис на проектот:
Квадкоптерот претставува летало со четири пропелери чија аголна брзина се управува во зависност од посакуваната положба, висина или ротација на леталото. Во оваа проектна задача може да се забележи поедноставен пример на еден квадкоптер каде се управува брзината на само еден пропелер со цел да се постигне неговата посакувана висина. Пропелерот се придвижува со помош на бесконтактен еднонасочен (BLDC) мотор чија брзина се управува со помош на електронски управувач(ESC) и ардуино. Со цел да се постигне посакуваната висина, во реално време со помош на потенциометар се следи аголното поместување на кракот од пропелерот. Доколку пропелерот е поставен многу ниско, неговата брзина ќе се зголеми. Доколку пропелерот е поставен многу високо, тогаш неговата брзина ќе се намали. Кога ќе се постигне посакуваната висина пропелерот ја одржува истата со пресметана константна брзина. Управувањето на целиот систем се извршува со помош ПИД алгоритам на управување кој всушност е мозокот на целата операција.
Студенти: Предраг Вичентијевиќ и Марко Велевачковски
Ментор: