Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика (КСИАР)

Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС-кредити

Обра­зо­вен степен (дип­ло­ма)
Дип­ло­ми­ран инженер по електротехника и информациски технологии од областа компјутерско системско инженерство, авто­ма­ти­ка и роботика

Про­фил
Компјутерско системско инженерство, авто­ма­ти­ка и роботика

Иден­ти­фи­ка­ци­ја на по­тре­би­те и мож­но­сти­те за вра­бо­ту­ва­ње Потребата од зголемено, ефикасно и квалитетно про­из­водство, како и подобрувањето на работните услови, на­лага примена на високо интегрирана авто­ма­ти­зација, како кај техничко-технолошките системи, така и во нетехничките системи, како што се еко-системите, еко­номските системи, медицината и други. Поради ова, подрачјето на работа за дипломираните инженери на оваа насока е извонредно широко и можностите за вра­ботување се големи. Тие можат да работат во ин­дус­тријата и јавниот сектор како: инженери за анализа, про­ектирање и ревизија на автоматизирани погони; во сто­пански организации за автоматско следење и прибирање на податоци, компјутерско водење, да­ле­чин­ско управување, менаџирање на технички и не­тех­нички системи; како експерти-програмери и хар­двер­ски и софтверски инженери; во академски институции, во истражувачки центри итн.

Обра­зов­ни ком­пе­тен­ции на профилот Студентот добива опсежни фундаментални и практични знаења од сите дисциплини од системското инженерство, автоматиката и роботиката. Стекнатите знаења и вештини се темелат на современи научни сознанија во области на автоматизацијата и роботиката, компјутерско-информациските технологии, процесната информатика, менаџментот, био-инженерството, кибернетиката во медицината, мерно-процесната техника, индустриски интернет на нешта итн. Студентите ќе стекнат знаење за: презентирање, моделирање и анализа на однесувањето на системи од различна природа (и не само техничка),  примена на методи, техники и алатки за математичка анализа на системи и решавање проблеми со употреба на системски приод, разбирање на методите за обработка и прибирање податоци во системите на управување, анализа и синтеза на системи за автоматско управување, роботски системи, системи со вештачка интелигенција и машинско учење, интелигентни системи на управување и други,  примена на елементите за автоматизација (хардверски и софтверски компоненти) за автоматизација на процеси, автоматизација на производствени постројки, компјутерско управувани системи, електромеханички системи и процесни мерења и актуатори, анализа и дизајн на SCADA системи за различни индустриски процеси,  компјутерско водење на процеси и далечинско управување,  работа со високо автоматизирани роботски системи и слично. Користејќи ги здобиените знаења, инженерот на оваа студиска програма, ќе биде оспособен за креативно мислење и решавање проблеми, самостојна и тимска работа, ефективна комуникација, донесување одлуки и доживотно учење. Сето ова се очекува да ги направи добро прилагодени и конкурентни на домашниот и на европскиот пазар на трудот.

Меѓународна акредитација
Студиските програми на ФЕИТ се меѓународно акредитирани од германскиот институт ASIIN, кој е светски лидер за потврда на квалитетот во високото образование. Со оваа акредитација се потврдува дека студиските програми се воспоставени според меѓунароните стандарди за квалитет и содржините кои се изучуваат се релевантни за областите кои се покриени во студиските програми.

 

Повеќе информации за студиската програма може да најдете овде