Компјутерски технологии и инженерство (КТИ)

 

Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС-кредити

Обра­зо­вен степен (дип­ло­ма)
Дип­ло­ми­ран инженер по електротехника и информациски технологии од областа компјутерски технологии и инженерство

Про­фил
Компјутерски технологии и инженерство

Иден­ти­фи­ка­ци­ја на по­тре­би­те и мож­но­сти­те за вра­бо­ту­ва­ње
Студиската програма обезбедува здобивање на широки знаења и флексибилни можности за вра­бо­тување. Инженерски компјутерски кадар е потребен во ши­рок спектар индустрии што проектираат комп­ју­тер­ски системи базирани на нови технологии со примена во многу сфери. Дипломиран компјутерски инженер од овој профил, кариерата може да ја гради во индус­три­јата и јавниот сектор, секаде каде се проектираат, раз­ви­ваат и реализираат: компјутерски комуникациски сис­теми и услуги; комплексни дигитални системи; сов­ре­мени информациски системи; Интернет и мрежни сис­теми; анализа и развој на интелигентни мрежи. Стек­натите знаења на студентите се одлична основа за про­должување на студиите во институции и/или истра­жу­вачки центри ширум светот.

Обра­зов­ни ком­пе­тен­ции на профилот
Студиската програма им овозможува на студентите да се стекнат со широки основни знаења од сите дисциплини во компјутерските технологии и инженерство, како и практични вештини за анализа, дизајн, имплементација, администрација и употреба на комплетни хардверско-софтверски компјутерски системи за различни намени. Подетално, во текот на нивните студии студентите можат да се стекнат со следните компетенции и способности за:
• Анализа, дизајн и имплементација на компјутерски архитектури и процесори за општа и специјална намена;
• Анализа, дизајн и имплементација на алгоритми и податочни структури;
• Дизајн и имплементација на бази на податоци и информациски системи;
• Познавање, дизајн, имплементација и администрација на жичани и безжични компјутерски мрежи;
• Администрација и употреба на оперативни системи, како и дизајн и имплементација на модули и драјвери за компјутерски системи, вградливи системи и мобилни уреди;
• Познавање и употреба на дистрибуирани системи, системи за пресметка со високи перформанси и системи во облак;
• Дизајн и имплементација на софтверски серверски околини и апликации (веб и мобилни);
• Дизајн и имплементација на системи на чип, вградливи системи и системи за Интернет на нештата;
• Познавање и примена на безбедност и безбедни компјутерски системи;
• Познавање и примена на наука за податоци, машинско учење и вештачка интелигенција во интелигентни системи.

Меѓународна акредитација
Студиските програми на ФЕИТ се меѓународно акредитирани од германскиот институт ASIIN, кој е светски лидер за потврда на квалитетот во високото образование. Со оваа акредитација се потврдува дека студиските програми се воспоставени според меѓунароните стандарди за квалитет и содржините кои се изучуваат се релевантни за областите кои се покриени во студиските програми.

 

Повеќе информации за студиската програма може да најдете овде