Електроенергетика и проектен менаџмент (ЕЕПМ)

Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии
Образовен степен (диплома)
Дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии
Профил: Електроенергетика и проектен менаџмент
Идентификација на потребите и можностите за вработување
Дипломираните инженери од оваа студиска програма можaт да креирааат сопствен бизнис или да се вработат во некоја од компаниите кои се занимаваат со: производство на електрична енергија од класични или обновливи извори; трговија, пренос и дистрибуција на електрична енергија; менаџмент, проектирање, заштита, автоматизација и управување на електроенергетски објекти; консултантски услуги по проектен менаџмент, студии и техничко-економски анализи, eнергетска ефикасност и околина и сл.
Образовни компетенции на профилот
Студиската програма ЕЕПМ ги следи потребите на компаниите од електро-енергетскиот сектор за креирање современо образуван инженер кој ќе има стручни познавања од областа на електроенергетиката, информациско-комуникациските технологии, како и способност и знаење за менаџирање на сложени технички проекти во новата пазарно ориентирана околина.
Во рамките на студиската програма студентите изучуваат технологии за производство на електрична енергија од класични и обновливи извори; постројки и управувачки системи во електроенергетските системи; методи за планирање, проектирање и градба на електроенергетски објекти; современи софтверски алатки за анализа и решавање на инженерски проблеми, методи за рационално користење на електричната енергија, како и менаџерски вештини и техники на проектниот менаџмент.