Краток опис на проектот:

Во оваа дипломска работа е разработен иновативниот концепт на интелигентни мрежи. Станува збор за посебен вид на интелигентна електроенергетска мрежа – микромрежа, која се проектира да работи приклучена на дистрибутивниот систем, но по потреба (на пример грешка во дистрибутивниот систем), може да се исклучи од него и да ги користи рапсоложливите ресурси (дисперзирани производни единици, системи за складирање енергија) за да може да обезбеди напојување за критичните потрошувачи. Во оваа дипломска работа се разгледува еднонасочна микромрежа која може да се примени за напојување на викедничка. Системот е заснован на реални податоци за потрошувачка, производство на електрична енергија од фотоволтаичен систем и соодветно димензиониран систем за складирање на електрична енергија.

Студент: Јован Реџиќ
Ментор: Александра Крколева