Краток опис на проектот:
Говорко е алатка за аугментирана и асистивна комуникација за деца со попречености развиена од студентите на насоката Компјутерско хардверско инженерство и електроника на ФЕИТ (https://feit.ukim.edu.mk/kompjutersko…) Ѓорѓи Смилевски ја направи првата верзија, а Марија Гроздановска и Валерија Младеновиќ ја направија новата верзија со помош на Стефан Јанев. Кодот е слободно достапен на Гитлаб https://gitlab.com/govorko/govorko
Работата на Говорко беше срдечно поддржана од експертите на Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ (https://openthewindows.org/). Алатката беше евалуирана со помошта на Здружението за рана стимулација, развој и игра кај деца Креатива Исток (https://www.facebook.com/people/Kreat…).
Студенти:
– Ѓорѓи Смилевски,
– Марија Гроздановска,
– Валерија Младеновиќ,
– Стефан Јанев
Ментор: Бранислав Геразов