Краток опис на проектот:
Дизајн и имплементација на систем за безбедно далечинско набљудување и управување на електронски уреди во едно домаќинство. Направен е пример концепт со користење на систем за разладување (клима) и поштенско сандаче. Системот вклучува хардверски и софтверски дел. Хардверскиот дел се состои од микроконтролери, сензори и актуатори кои се поставени во домаќинството и имаат за задача да ги направат постојните електронските уреди „попаметни“. Софтверскиот дел претставува мобилна апликација преку која се набљудуваат и управуваат уредите. За комуникацијата помеѓу микроконтролерите и мобилната апликација, како и за автентикација на корисниците и безбедноста на системот се искористени неколку сервиси за работа во облак од платформата Firebase. Системот овозможува преку една централна контролна точка (мобилната апликација) да се има целосен преглед и контрола врз домот само со пристап до Интернет.

Студент: Борјан Калиноски
Ментор: Марија Календар