Краток опис на проектот:
Во овој пример студентите имаат склопено возило кое може автономно да се движи по произволна патека. Управувачката единица во возилото е вградливиот компјутер од NVidia – Jetson Nano кој во себе има графички процесор. Возилото користи само камера како сензор врз основа на кој ќе ги пресмета соодветните управувачки сигнали за тркалата. Вештачката интелигенција во овој проект е позната невронска мрежа за автономни возила која е дотренирана на патеките во лабораторијата АСИ. Овој проект е изработен од тројца студенти, а изработката вклучуваше склопување на возилото, инсталирање на потребните софтверски пакети и двигатели, инсталирање и подесување на потребните развојни околини, прибирање податоци од патеките во лабораторијата, рачно одбележување на податоците кои ќе се користат за тренирање на мрежата, тренирање на мрежата, и конечно, праткична примена.
Студенти: Тамара Николова, Матеја Илиевска, Марко Велевачковски
Ментор: Стефан Златинов