Компјутерски технологии и инженерство (КТИ)

Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии
Образовен степен (диплома)
Дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии
Профил: Компјутерски технологии и инженерство
Идентификација на потребите и можностите за вработување
Студиската програма обезбедува здобивање на широки знаења и флексибилни можности за вработување. Инженерски компјутерски кадар е потребен во широк спектар индустрии што проектираат компјутерски системи базирани на нови технологии со примена во многу сфери. Дипломиран компјутерски инженер од овој профил, кариерата може да ја гради во индустријата и јавниот сектор, секаде каде се проектираат, развиваат и реализираат: компјутерски комуникациски системи и услуги; комплексни дигитални системи; современи информациски системи; Интернет и мрежни системи; анализа и развој на интелигентни мрежи. Стекнатите знаења на студентите се одлична основа за продолжување на студиите во институции и/или истражувачки центри ширум светот.
Образовни компетенции на профилот
На студиската програма студентите добиваат практично и теоретско знаење во полето на компјутерските технологии и инженерството за: проектирање и реализација на процесорски архитектури и процесори; моделирање, проектирање и реализација на вградливи компјутерски системи; информациони системи; мрежи и Интернет; проектирање, реализација и администрирање Веб системи и сервери; алгоритми, структури и програмирање; бази на податоци; оперативни системи и изработка на OС модули и компоненти; безбедност на компјутерски системи; проектирање и реализација на интелигентни мрежи.